Вчитување...
ДОМА2020-01-14T09:50:27+01:00

За мене

Славица Новеска е Дипломиран економист/Маркетинг Менаџмент/Професионален обучувач на возрасни. Стекнато знаење, способности и компетенции според програмата се комуникациски вештини, преговарање и работа во тим/Функционално и целно ориентирана комуникација и презентација/Конструктивен пристап кон конфликт и функционално договарање/Функционално договарање и остварување на својата улога во тимот – поддржано од Модус Центар-Ск, програма поддржана од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија како центар за неформално образование според ЕУ стандарди. Фацилитатор, Life coaching/100 часа, базичен ТА 101. Со повеќе годишно искуство во областа на организациска култура и однесување и нивната поврзаност со внатрешна мотивација, комуникациски вештини и менаџмент. Работа со методологии на PCM, SDI, Points of you како и употреба на концепти и техники од Транасакциона Анализа.

Статии

Демотивација

Демотивација Денес ќе говорам за два, за мене еден од најбитните демотивирачки фактори, што можат да се применат од страна на менаџерите во една организација. Ги има многу но

Организациска култура

Организациска култура Постојат многу дефиниции за тоа што претставува Организациска Култура. Секоја организациска култура е репрезент на однесувањето на лидерите и менаџерскиот тим во самата организација. Организациската

Три типа на луѓе

Три типа на луѓе За мене постојат три типа на луѓе, оние кои прават работите да се случат, оние кои гледаат како работите се случуваат и оние што се

Соработка

Биографија

slavicanoveska.mk

Неформално образование/Процес на внатрешна мотивација на вработените, организациска култура и однесување/Мотивацијата и добрата комуникација помеѓу менаџерот и вработениот е клучен фактор за успешна работа на компаниите. Една компанија може да има најдобри технологии, машини и работни процеси, но доколку нема мотивирани и квалификувани работници, нема достигнување на висока продуктивност кај вработените, ниво на посветеност и постигнување резултати што тие ги даваат во однос на перформансите. Најголемо влијание за мотивирани вработени е отворената комуникација, јасно дефинирани задачи и доверба во организациската култура на компанијата. Мотивирањето може да се заснова на лично задоволство (што работникот сака да го направи) или врз основа на заложба (она што тој лично смета дека треба да го направи). Ова е тема која нема крај и поради тоа сакам да ја пренесам на оние што се спремни да ја интегрираат во својата работа…

Што се однесува до моето формално образование, маркетинг менаџмент и моето долгогодишно искуство како менаџер на продажба, во суштина е композиција од моето неформално образование, задоволство и работа од истото. Маркетингот е процес во кој компаниите работат на разбирање на потрошувачите за да создадат вредност за клиентите и изградат силни односи со нив а за возврат да остварат вредност т.е задоволство. Синџирот на вредности на компанијата е силен како и нејзината најслаба алка. Успехот зависи од тоа колку добро секој оддел си ја извршува својата работа и колку добро се координираат активностите на различните оддели (комуникација меѓу нив). Моето мото што ме води низ маркетинг-процес е добра комуникација со вработените, навремени информации за клиентите и добра соработка со соработниците.

Грешка на компаниите е кога целта честопати е да се продаде она што компанијата го произведува наместо да го произведува она што пазарот го бара. Наместо маркетинг концепт „направи и продај“, философија насочена како концепт за маркетинг на производ треба да биде маркетинг концепт насочен кон купувачот „Чувствувај и одговори“ што гледа на маркетингот не како „лов“, туку како „градинарство“.

„Одличен менаџер е одличен ментор, ги охрабрува сите вработени да мислат дека можат да победат“. ~ Gary Weinerchuk